Вести Македонија

Секој десетти Македонец се бори со прекумерна тежина

Секој десетти човек во земјата има проблеми со килограмите. Но, ако лекарите проценат, реалната слика е поинаква и таа бројка е трипати поголема. Обезноста го коси здравјето на граѓаните. Таа црна статистика е сѐ попристутна и кај децата и адолесцентите. Најтешкиот Македонец има 185 килограми. Од Здружението за обезност сметаат дека на оваа болест треба посериозно да ѝ пристапат и пациентите и докторите, затоа што предизвикува хронични болести заради кои се крати животниот век.

„Дебелината, односно обезноста, може да се превенира навремено со промена на стилот на животот, а особено со физичка активност и здрава исхрана“, изјави Ирфан Ахмети, претседател на Здружението за обезност.

Луѓето што живеат со дебелина се соочуваат и со дискриминација која влијае негативно врз нивната ментална и физичка благосостојба, а тоа ги спречува да побараат лекарска помош. Но, сепак, докторите велат дека пациентите сѐ повеќе се охрабруваат да побараат помош, а со тоа ги намалуваат компликациите кои можат да настанат. Дневно има повеќе од 30 прегледи.

„Многу тешко беше да се пробие стигмата на оваа болест да се прифати како хронична и прогресивна болест на која треба да се внимава целиот живот и да се лечи и затоа со отворање на нашиот прв центар во Македонија, на клиника имаме втор центар, а наскоро се подготвува за отворање третиот центар за деца и адолесценти. Матичните доктори навремено ги упатуваат тие што се обезни, со класа два и класа три и исто така пациентите кои имаат други коморбидитети“, изјави Танер Хасан, од Научното здружение за обезност.

Дебелината како хронична болест оди во пораст и во светски рамки. Осумстотини милиони луѓе ширум светот живеат со дебелина, а во иднина се очекува тој број да продолжи да расте, а повеќе од половина од нив да бидат деца.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе