Вести Македонија

Ќе се формира стручна Комисија за случајот со починатата родилка од Делчево

Министерството за здравство ќе формира стручната Комисија за случајот со родилката од Делчево, која на 26 декември 2023 година почина на КАРИЛ во Скопје, а била донесена во лоша здравствена состојба од Клиничка болница-Штип.

Од кабинетот на министерот за здравство, Фатмир Меџити велат дека формирањето на стручната комисија е по препорака на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Оваа Комисија треба да го разгледа начинот на лекување и дали се направени пропусти, а извештајот се очекува за десеттина дена.

Инспекторите на ДСЗИ веднаш извршија увид во Клиничка болница-Штип и КАРИЛ-Скопје, а на 29 декември 2023 преку пишано соопштение информираа за направениот  увид на двете Клиники во земјава.

Раководството на Клиничка болница-Штип на 28 декември преку соопштение соопшти за редоследот на настанот и што се случувало на Одделението за гинекологија и акушерство. Во него стои и дека според Комисијата за контрола на квалитет и етички прашања на Клиничка болница-Штип нема пропусти во третманот на пациентката.

Бидејќи секако овој случај ќе биде предмет на анализа на институции кои ја контролираат нашата работа, ќе почекаме да видиме, што е причината за ваквиот исход и дали од наша страна е постапено според медицинските протоколи и медицина базирана на докази, стоеше во соопштението на Клиничка болница-Штип на 28 декември.

Новороденчето на 26 годишната родилка е на Одделот за интензивна нега на Детската клиника во Скопје. Директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска-Чолаковска вели дека е подобрена здравствената состојба на новороденчето и не е на механичка вентилација.

Новореденото се уште е на Одделот на  интензивна нега и терапија, но подобрено и веќе не е на механичка вентилација. Терапијата и интензивното следење продолжува, на Одделот за интензивна нега. Очекуваме во следните денови да биде префрлено и на одделот за неонатологија, вели Цвејоска-Чолаковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе