Вести Македонија Топ вести

Четири ангелчиња за дом со љубов и топлина – во Штип се роди првата четворка во Македонија по 26 години

Дом полн со дечиња, неизмерна љубов, светлина и топлина. Вака зрачи домот на Александар и Благица Зикови со нивните четири новороденчиња Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина. Раѓањето на штипската четворка е дефинитивно најпозитивната вест која ја одбележа годината што изминува. Нивниот дом деновиве е во духот на новогодишните и божиќни празници.

За Александар и Благица поголема среќа нема, се родија пред 65 дена. Родителите на Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина велат дека ама воопшто не се тешки за чување и грижа, сите обврски им се организирани и заеднички.

Секое си има свој карактер. Најмалата и единствено женско Леонтина е најбунтовна и темпераметна, а, пак, Теодор си е најспанко. Нивната мајка за да ги нахрани и се потребни час и половина. Дневно трошат по една кутија храна и еден пакет пелени. Благица и Александар велат дека си имаат ред и добро се организирани низ домот.

Во очите на овие родители може да се види среќа и неизмерна љубов кон нивните четири чеда. Скромни и искрени велат дека имале малку подолг пат за да ги добијат и да им се полнат рацете со нив. Во моментов се само на платата на Александар, за жал системот не ги препознава ваквите реткости и многудетните семејства.

По раѓањето на Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина многу жени и мајки ја контактираат Благица на социјалните мрежи едни бараат совети околу исхраната и грижата, а други, пак, бараат информации за нивниот пат и третман во болницата Турција.

Благица вели на сите и одговара за да им даде совети. Благодарни се што општината им подари плац за куќа и бесплатна градинка, како и подароци што имаат добиено од општествено одговорни компании. Најголемата желба на семејството Зикови е исполнета во годината што изминува, а во новата година посакуваат на сите здравје и среќа.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе