Вести Македонија Топ вести

Поништен пучот во Судски Совет со одлука на Управен суд, таборот на Селим Адеми незаконски ја разрешил Весна Дамова

Поништен пучот во Судски Совет со одлука на Управен суд, таборот на тогашниот заменик претседател на советот, Селим Адеми незаконски ја разрешил Весна Дамова од претседателка. Од Управниот суд потврдија дека тужбата на тужителката Дамева е уважена, а оспореното решение на Судски совет е поништено. Одлуката прво ќе биде доставена до странките во спорот, па ќе биде објавена.

Согласно одлуката на Управниот суд, тоа значи дека состојбата во судскиот совет треба да се врати пред спорната одлука. Па, така сега се отвора правниот пат Дамева одново да седне во претседателската фотелја и да раководи во советот, со оглед дека нејзиниот мандат беше на самиот почеток. Одлуката на Упавен позитивно ја поздрави и министерот за правда Кренар Лога кој на социјалните мрежи порача дека сите постапки треба да се водат пред судовите.

„Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиот период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет, со што се докажува дека на оваа институција и се неопходни реформи. Одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на правото“, напиша министерот Лога на својот Фејсбук профил.

Одлуката за разрешување беше донесена на иницијатива на тогашниот заменик претседател Селим Адеми, а во таборот што го поддржи и гласаше „за“ е актуелниот претседател на Советот, Сашко Ѓоргиев. Постапката против Дамева беше отворена кога пред Судскиот Совет требаше да почне постапка за дисциплинска одговорност на апелациониот судија Енвер Беџети, затоа што тој девет месеци го држел предметот за масовното прислушување „Тврдина Таргет“ во фиока со што беше овозможено предметот против Сашо Мијалков да се приближи до застарување.

Дамева тогаш обвинуваше дека постапката против неа е политички мотивирана и незаконска. Невладините набљудувачи оценија дека Судскиот совет ја разрешил Дамева преку постапка која не е предвидена со закон. Целата постапка од разрешувањето на Дамева до изборот на Горгиев беше критикуван од експерти, универзитетски професори, но и од Европската Унија во извештајот за напредок на државата. Поради тие превирања, ЕУ испрати и Оценска мисија која неодамна го заврши извештајот со 40 препораки за реформирање на судскиот совет.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе