Вести Македонија Топ вести

Техничката влада и составот на ДИК остануваат мистерија што ќе се решава по празниците

Техничката влада ќе се доекипира по празниците. Тогаш ќе се сретнат и лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, за да се допрецизираат деталите, а и јавноста ќе ги дознае имињата на новите министри за внатрешни работи и за труд и социјала, како и на замениците министри.

Ковачевски не одговори директно, дали вицепремиерот Артан Груби ќе остане на функцијата, која не е предвидена со Закон за влада. Кусо одговори дека тоа место е преекспонирано.

Но, каков и да биде составот на техничката влада, албанската опозиција не очекува дека нешто ќе се промени во позитивна смисла. Особено не очекуваат ништо од техничкиот премиер.

Касами најави дека тие нема да се откажат од местото во ДИК, кое годинава остана празно, а не се многу големи ни шансите дека во скоро време ќе се пополни.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе