Вести Македонија Топ вести

Вонреден инспекциски надзор во штипската болница по смртта на родилката од Делчево, новороденчето е ставено на механичка вентилација

По смртта на 26-годишната родилка од Делчево на КАРИЛ во Скопје, а која од штипската болница била донесена во лоша здравствена состојба од Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавија вонреден инспекциски надзор, во болницата влегува инспектор од Кочани, кој денеска ќе го истражува случајот. Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција потврди дека случајот ќе се истражува.

Во писменото соопштение од штипската Клиничка болница дека родилката е   примена на Одделот за гинекологија и акушерство на 26 декември околу 10,20  мин., за породување. Десетина минути подоцна, пациентката колабира, со ниска тензија, немерлив пулс и знаци за шок.

  • Веднаш е внесена во операциона сала, направено е итно породување со царски рез на бебето, кое е веднаш транспортирано на Детска клиника,а поради голема количина на крв во абдоменот, четворица хирурзи почнуваат операција за спас на пациентката. И покрај дадената крв и крвни деривати  и операција, пациентката предоперативно, за време на операцијата и постоперативно е со тешка клиничка слика и хемодинамски нестабилна, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Конзилиумот од двајца анетезиолози, двајца гинеколози и етири хирурзи одлучуваат пациентката да биде префлрлена на КАРИЛ – Скопје за понатамошен третман, каде што и почина. Според комисијата за контрола на квалитет и етички прашања нема пропусти во третманот на пациентката.

  • Бидејќи секако овој случај ќе биде предмет на анализа на институции кои ја контролираат нашата работа, ќе почекаме да видиме, што е причината за ваквиот исход и дали од наша страна е постапено според медицинските протоколи и медицина базирана на докази, стои во соопштението на Клиничка болница-Штип.

Новороденчето на родилката е примено на детската клиника во Скопје, ставено на механичка вентилација.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Над 20 повредени откако се преврте автобус во северна Германија

Дејан Дејан

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе