Вести Македонија Топ вести

Раичевиќ: Во овој процес ниту сум навредена, ниту разочарана, можеби ќе има аргументација во писмениот записник

„Огорченоста е голема заради карактеристиките и квалификациите коишто се даваат а за кои нема соодветно образложение. Можеби ќе го има во писмениот записник, но јас го слушам само она што го презентираат новинарите. Во овој процес ниту сум навредена, ниту разочарана. Констатиравте дека го завршувам својот пат во овој конкурс, но сакам да порачам дека Јавното обвинителство е институција која што дали во овој конкурс, дали во иднина, независно дали сум јас во него или било кој друг обвинител ќе треба да дојдат млади генерации. Кога ќе треба да покажат дека ова обвинителство заслужува и мора да има јавен обвинител на кој што народот ќе му верува. Овој степен на доверба кој е експлоатиран како низок, којшто ние амбицираме со извршувањето на функцијата и ветуваме дека ќе го подобриме не е единствениот проблем, довербата не се гради само врз на впечаток на испитаници, таа се чувствува“, рече во вечерашното интервју во Топ Тема, обвинителката Лидија Раичевиќ, која беше и кандидатка за државен јавен обвинител.

Па прашањето за предметот кој заврши со ослободителната пресуда за онкологот Нино Васев, таа потенцираше дека тоа е предмет којшто неодамна ја доживеа својата прва пресуда и „во принцип ни еден вработен во обвинителството не смее да коментира неправосилна пресуда затоа што се смета дека правото не е остварено со пресудата додека не се заврши жалбената постапка“, рече Раичевиќ.

Но, вели дека до сега не слушнала дека ако некој предмет заврши со ослободителна пресуда тоа може да биде слабост во работењето на еден обвинител.

На прашањето дека таа по втор пат се кандидиравте за републички јавен обвинител и минатиот пат кога беше избран Јовески таа беќе кандидат, па дали повторно би се кандидирала, Раичевиќ рече дека институцијата треба да се надоградува во позитивна смисла, обвинителот треба да го препознавате како вредност и самиот секојдневно да создава вредност. „Ако имате повисоко образование, тоа Обвинителството не треба да го премолчува, треба да имате соодветни соговорници кои ќе разговараат со вас и ќе даваат високи вредности секојдневно“, смета таа.

„Доста е од сите можни инсталации и од сите можни манипулации, колку и да се обидуваат во иднина сами по себе ќе излезат, можеби нема да бидам јас во Обвинителството, но ќе дојде време кога вистинските вредности ќе се вреднуваат и самите членови во советот ќе кажат: „Да ова е одличен кандидат“. Можеби и сега е таков случајот, јас не го познавам колегата Љупчо Коцевски“, рече Раичевиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе