Вести Македонија Топ вести

Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 година

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 година на авторите Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски и соработниците Саше Нешиќ и Катина Сутоглу од Студио Синдикат за проектот Изложбено-дистрибутивен центар со магацин Балканија, Визбегово – Скопје. Големата годишна награда ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на  претседателот Пендаровски.

  • Пред десет дена, во просториите на претседателскиот кабинет, само неколку месеци по Венеција, во рамките на 18. интернационална изложба на архитектура, и на македонската јавност и ја претставивме изложбата „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот Свети Јоаким Осоговски, 1992 – 2017“. Тоа беше убава можност преку македонскиот претставник на реномираното архитектонско биенале во Венеција, да се проговори за македонската архитектура и за нејзината поставеност кон светот. Имајќи во предвид дека самата изложба во себе го содржи светогледот на учесниците на летната школа, кога биле на почетоците на својот професионален пат, и тоа во период од две и пол децении, можевме да посведочиме за раскошот од идеи и визии, но и знаења и вештини низ годините, рече Пендаровски.

Според него сево ова и го содржи архитектурата како специфичен спој меѓу науката и уметноста, како обединување на целисходното со убавото, но, и како сублимат на човековиот нагон за траење и оставање печат во времето.

  • За жал, не сите проекти стасуваат до реализација. Честопати, општествениот контекст, финансиските лимити, парохијалната тесноградост и политичките интервенции, се препреки за креативноста на архитектите, рече меѓу другото претседателот.

Најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 година е:

Изложбено-дистрибутивен центар со магацин Балканија, Визбегово, Скопје

Студио: Синдикат

Автори: Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски

Соработници: Саше Нешиќ и Катина Сутоглу.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе