Вести Македонија Топ вести

Шукова во „Топ тема“: Енергетика, транспорт, земјоделие, отпад, палење на депонии се дел од фактори за загадување на воздухот

Добро сме во планирање, но имаме слабости во реализацијата. Имплементацијата не е проблем само во делот на воздухот, тоа сме го утврдиле и во сите други области во животната средина, такво нешто де факто потврдува и Европската комисија во годишните извештаи наназад, изјави Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, во вечерашната Топ тема на ТВ Телма.

„Во дело на воздухот, она што државата може да го прави, во изминатите неколку години го прави. Обезбедува финансиски средства и во рамки на своите можности ги имплементира тие средства. Станува збор за домашни средства, во последните години сме фокусирани на донаторски средства, бидејќи ги имаме повеќе“, рече Шукова.

Таа истакна дека во моментот се активни неколку проекти, со поголеми капитални средства кои се директно за намалување на загадувањето на воздухот.

„Добивме средства од проект од Европската унија за четирите поголеми градови во државата – Скопје, Куманово, Битола и Тетово. Проектот во висина од 10 милиони евра има повеќе компоненти. Едната е замена на нееколошките системи со еколошки системи, нови зелени површини, набавка на нови автобуси. Покрај овој проект, има уште неколку активни. Интенција на министерството во изминатите неколку години, кога се планираа проектите за намалување на загадувањето на воздухот, е насочување на средствата за замена на нееколошките системи. Проблем не е само затоплувањето. Тоа го кажуваме ние, тоа го кажуваат и невладините организации. Се има влијание. Влијание има енергетиката, има влијание транспортниот сектор, има влијание земјоделието, отпадот. За жал, некогаш намерно се палат и горат и општинските депонии и дивите депонии. Има мнофу фактори“, нагласи Шукова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе