Вести Македонија Топ вести

Потрагата по правда е маратон, не е спринт трка на кратки патеки – последен ден на Јовески како државен обвинител

Јавниот обвинител на Република Македонија ја истакна целта кон која ќе се стреми во натамошното работење, на институцијата и професијата – јавен обвинител да се врати угледот и авторитетот, почитта и законитоста во постапувањето (Соопштение од Јавното обивнителство од 29.12.2017)

На 29 декември 2017 година, тазе избраниот државен обвинител Љубомир Јовески оваа цел им ја презентирал на колегите од скопското основно обвинителство на првата средба со нив.

Шест години и подоцна на последниот работен ден во писмено обраќање резимира

„Дали во изминатите шест години можевме и подобро и повеќе? – Сигурно да, но во ниту еден момент не сум престанал да се залагам за повеќе и за подобри резултати“, смета Љубомир Јовески, државен обвинител

Обвинителството било транспрантно и отчетно, а нападите кон него најчесто биле неосновани, сумира Јовески. Ниските оценки и критиките за борбата против корупцијата во извештајот на ЕК не се однесуваат на обвинителството, туку се инсистира државата да обезбеди повеќе ресурси, а анкетите нарачани од политичарите со кои се мери ниска доверба во обвинителството не се соодветни смета државниот обвинител во заминување.

„Во јавното обвинителство, бројот на поднесени кривични пријави од граѓани од година во година расте, што исто така е показател дека довербата на граѓаните во нашата работа се зголемува и многу е повисока од презентираната“, вели Јовески. 

Според него, релевантно е истражување на Светска банка кое допрва треба да биде објавено а според кое за ефикасност на праводусните институции позитивна оценка дале 28% од граѓаните и 33% од бизнисмените.

На заминување Јовески го цитираше Абрахам Линколн и испрати порака до колегите дека потрагата по правда е маратон, а не спринт трка на кратки патеки и затоа човек мора да одржува темпо и да е истраен.

Јовески ја мина целата патека и мандатот го истера до последниот ден но од обвинителството не оди во Уставен суд. Неговиот предог залави во Собранието, а таму периодов беше на отчет за истрагата за Онкологија. На неговиот наследник Јовески  во аманет му остава  и други големи истраги и предистраги за предмети за кои е заинбтересирана јавноста како и предметите кои беа прфрлени по згаснувањето на СЈО.

Една од последнитеа активности му беше во петокот, кога со шефот на обивнителството за организиран криминал Ислам Абази правеа обиколка во зградата во која треба да се пресели ова специјализирано обвинителство. Јовески за време на мандатот можеше да се види јавно и со претходничката на Абази, Русковска но по претресот во Финансиската полиција тој предложи  да биде суспендирана и разрешена.

Од утре а најдолго 6 месеци во најмоќната обивнителска фотеља ќе седи обвинителката Соња Симовска од републичкото обвинителство. Таа ќе биде вршител на должност додека да заврши процедурата за избор на нов државен јавен обвинител. Во трката која не се знае дали ќе биде упсешна се пријваија тројца обвинитлеи Лидија Раичевиќ, Фатиме Фетаи и Љупчо Коцевски. Советот на јавни обвинители треба да се состане и да даде мислење за сите тројца а кој од нив ќе биде предложен до собранието треба да одлучи Владата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе