Вести Македонија

Меџити се сомнева дека Џафери подготвува можен фалсификат на изборите

Се соочуваме со тенденција за фалсификат на изборите, вели Изет Меџити од Европскиот сојуз за промени во однос на дилемите околу новиот член во ДИК.

Се соочуваме со тенденција за фалсификан на изборите. Тоа е подготвено од господинот Џафери. За жал ова укажува дека тиа сакаат Државната изборна комисија да остане со шест члена што по автоматизам ако е непарен број бројката ќе остане три три значи уште пред да почнат изборите, изборите ги насочуваме кон административниот суд. Инаку аргументите се целосно на наша страна позицијата има четири членови во ДИК, ние немаме против да отстапат место за Алијанса во тие четири места но не може и нема логика значи и да бидат дел од власта и да претендираат да имаат член во тие три члена од опозицискиот блок, изјави Меџити.  

Најави дека ќе ги искористат сите демократски средства доколку не помине нивниот кандидат.

Албанскиот опозициски блок, формиран од Алтернатива, Движењето Беса и Демократското движење денеска отвори нова заедничка канцеларија во Старата скопска чаршија и најави дека на наредните избори во нивната коалиција ќе се вклучи и косовската политичка партија Самоопределување со којашто ќе се води заедничка кампања и заеднички изборни листи.

-Од денеска Европскиот сојуз се состои од четири политички партии. Сега значи во овие четири е и Самоопределување, програмата ја работиме заедно, кампањата ќе биде заедничка и ќе бидат дел парламентарните листи, значи ќе има членови и претставници од Самоопределување, изјави Изет Меџити.

На свеченото отворање на новата канцеларија на оваа коалиција меѓу политичките партии Демократско движење, Алтернатива и Движењето Беса, учествуваше и претставник од косовската политичка партија Самоопределување, Бесим Ќоку.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Дејан Дејан

Пожарите кај Измир ставени под контрола, огнената стихија сѐ уште беснее во Хатај

Дејан Дејан

Трамп го потпиша новиот закон за даночни олеснувања и кратења на социјални програми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе