Мицковски ќе ги заврши предавањата на машинскиот факултет и точно напладне ќе седне на лидерска маса за да чуе што е до сега направено за евроинтегративниот процес на земјата. ОВа една од точките која што предлагачот на лидерската, СДСМ планира да се разговара.
Иако ставот на опозицијата е дека не ги поддржува уставните измени, вицепремиерот од владејачката СДСМ се надева на пробив за поддршка кај опозицијата.
Но, засега исходот од лидерската е неизвесен. Премиерот навести успешна средба со оглед дека сите седнуваат на маса, со надеж дека никој никого нема да уценува.
Но, и да се потврдат очекувањата на премиерот засега едно е јасно – двата политички табори одат со различна агенда за дискусија.
Во планот на ВМРО- ДПМНЕ ги нема уставните измени и интеграциите, кај СДСМ, пак изостанува прашањето за техничката влада на чие што укинување инсистира ВМРО -ДПМНЕ.
Прашањето за техничка влада, пак, со месеци го бранува јавниот дискурс. Договорот за етнички албанец технички премиер 100 дена е на сила помеѓу партиските партнери СДСМ- ДУИ, на што опозицијата се противи дека ДУИ ќе акумулира две од трите најважни државнички функции.
Последниот предлог кој циркулира во медиумите е дека пратеникот од редовите на СДСМ, Јован Митревски ќе седне во фотелјата на спикерот Талат Џафери, на кој, пак, наводно му се нуди позицијата 100 дена технички премиер. Потврда нема ниту од Митревски и Џафери.
Не стивнуваат ниту шпекулациите за предизборните претумбации во коалициите, односно денеска и Алијанса за албанците ги отфрли тврдењата дека ја напушта владата за да игра на картата опозиција во предизборниот период.
Павле Беловски