Вести Македонија

За врсничкото насилство мора да се зборува, во спротивно исто како да не се случило

Има индикатори, но не постојат методи и стандарди кои ќе утврдат кои профили на деца се можни вршители на меѓуврсничко насилство. Ги има и од дисфункионални, но и од доброситуирани семејства. Методи Хаџи Јанев експерт по безбедност и кој подолг период работи на оваа тема вели дека институциите и родителите треба да го свртат вниманието кон сајбер просторот, место каде што децата се мета на демначи и провокатори.

По серијата на случаи на врсничко насилство во Кавадарци, Неготино, Велес и Скопје ресорното министерство изготви и Протокол кој е доставен до сите училишта во земјава.

Последна институција во која се решава меѓуврсничкото насилство и булингот се судовите. Во штипскиот Апелациски суд на годишно ниво имаат од 10 до 12 предмети со малолетничка правда. Но, според претседателот на овој суд, Тони Делев оваа бројка во реалноста е поголема, бидејќи повеќето случаи и не се пријауваат од децата и родителите.

Министерството за образование и наука има отворена и електринска адреса за пријавување на меѓуврсничко насилство и булинг. На терен невладини организации и општествено одговорни компании работат на превенцијата. Во Штип и источниот регион почна и проектот „Безбедност е нашето мото“ на здружението Медиа плус.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе