Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не сакаше да ја коментира изјавата на поранешниот генерален секретар на владата Мухамед Зеќири кој вчера, откако беше осуден на затворска казана, рече дека спровел умисла на други, односно на владата, предложена од Битиќи.
Зеќири вчера беше осуден на две и пол години затвор и да врати повеќе од еден милион евра, затоа што ги пречекорил службените овластувања.
Наместо во постапка за јавни набавки склучил два диркетни договори за консултантски услуги за длабинско снимање на пошта и за евентална приватизација на железница, со што го оштетил буџетот. Битиќи рече дека во ниту еден заклучок на владата, не се укажува на постапката како треба да се спроведе.