Вести Македонија Свет Топ вести

ФОТО: Средба на Лавров со Османи и Борг (Малта), објави руската амбасада

Руската амбасада во Скопје на официјалниот Твитер профил објави фотографија од средба на рускиот министер Сергеј Лавров со министрите Бујар Османи и Јан Борг.

На постот на амбасадата стои: „Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Малта – сегашен и иден претседавач на ОБСЕ.“

Од македонското МНР и од официјални извори на ОБСЕ досега нема информации за средбата и за темите на средбата.

На фотографијата се гледа широко насмеаниот Лавров кој седи спроти малтешкиот министер за надворешни работи Јан Борг и Османи кој седи меѓу двајцата како домаќин со полунасмевка на лицето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американскиот претседател Трамп најави нови тарифи

Дејан Дејан

Студентите најавија блокади во Белград, Нови Сад и Ниш, Вучиќ со молба да не го прават тоа

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин, денеска ќе разговарам со Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе