Вести Свет Топ вести

Се преговара за ново продолжување на примирјето меѓу Израел и Хамас

Разговорите за можното продолжување на примирјето меѓу Израел и Хамас продолжуваат во Катар, каде шефовите на разузнавачите размислуваат за можен нов договор.
Израел вели дека се надева дека би можело да се договори уште едно продолжување, при што Хамас исто така посочи дека е отворен за потегот.
Трае шестиот ден од прекинот на огнот, кој веќе е продолжен за два дена.

Хамас вчера беа ослободи уште 12 заложници, а Израел ослободи уште 30 палестински затвореници
Досега се ослободени 81 заложник и 180 палестински затвореници.
Израел соопшти дека добил список на заложници држени во Газа, кои треба да бидат ослободени денеска.

Дел од поголемите деца кои беа ослободени од Хамас сведочеа за суровите услови во кои биле држени, но биле тепани неколку пати додека биле во заложништво, а ако некое од децата плачело, им вперувале пушка за да замолчат.

Но, и плаестинските затвореници, кои беа ослободени од израелските власти, тврдат дека биле малтретирани додека биле во израелските затвори. 14-годишно момче рече дека бил сведок на тепање. Израел засега без коментар.

Во меѓувреме, шефот на Лекари без граници соопшти дека тој и неговиот тим биле „заробени“ во болница два часа, додека израелските сили извршиле рација во бегалскиот камп Џенин на окупираниот Западен Брег.

Д-р Христос Кристоу, меѓународен претседател на Лекари без граници (MSF), рече дека персоналот во болницата Калил Сулејман не можел да ја напушти бидејќи „израелските воени возила го блокираа влезот на болницата и патот, спречувајќи ги амбулантните возила да излезат“.

Тој рече дека двајца Палестинци починале од раните додека „амбулантите не можеле да стигнат до нив“.

„Ова мора да престане сега. Пациентите треба да имаат пристап до здравствена заштита во секое време“, напиша тој на X.

Израелската страна се уште не коментира за тоа што се случило.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе