Вести Свет Топ вести

Бугарското МНР потврди дека дало дозвола за летот на Лавров

Министерството за надворешни работи на Бугарија потврди дека дало дозвола за летот на специјалните воздухопловни сили „Росија“ со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров за Северна Македонија, во својство на вршител на должноста претседавач со ОБСЕ за 2023 година и организатор на 30-от состанок на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје, соопшти прес-центарот на Министерството.

Дипломатското овластување за прелет е од привремен карактер и важи 3 часа пред и 72 часа по назначениот датум. Детали за датумите од временската рамка не се објавени.

Дадената дозвола се однесува на учество на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје на министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и спаѓа во исклучоците од примената на режимот на санкции на ЕУ против него.

Дадената дозвола не се однесува на членовите на неговата делегација, кои исто така се санкционирани лица, според важечкиот закон на ЕУ, што е експлицитно наведено во одговорот на бугарската страна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе