Вести Свет Топ вести

Вечерва втора размена на заложници и затвореници – Израел и Хамас го решија спорот и ќе продолжат со ослободување

Спорот за ослободување на втората група на заложници и затвореници е решен. Хамас потврди дека вечерва ќе ослободи 14 израелски цивили и седум странски државјани. Тие ќе бидат предадени на тимови на Црвениот крст  Израел за возврат ќе пушти 42 Палестинци од затворите. Размената требаше да се случи попладнево, но беше одложена поради меѓусебни обвинувања на двете страни. Палестинската милитантна група ја обвини израелската страна за интервенција во последен момент во списокот со заложници кои треба да бидат опфатени во втората група, но и во Газа да влезе договорената количина со хуманитарна и медицинска помош, но и храна, вода и гориво.

„Сметаме дека Израелците до сега не одговараат на вистински и позитивен начин на постигнатиот договор. Затоа, ги повикавме посредниците да ги направат потребните напори за да се исполни сето она што е договорено – да се дозволи камионите со помош да стигнат до северниот дел на Газа. Од 200 камиони, до сега не стигнавме до 70 камиони“, изјави Осама Хамдан, портпарол на Хамас.

Хамас обвинува и дека наводно израелските одбранбени сили убиле двајца Палестинци во Беит Ханун во Газа, област каде што на Палестинците им е дозволено да се движат. Израел, пак, негираше дека го прекршил договорот за прекин на огнот и се закани дека ќе продолжи со бомбардирањето на Газа, доколку Хамас не ги ослободи затворениците до полноќ по израелско време.

Во меѓувреме, во Тел Авив трае мачното исчекување. Педесет илјади Израелци се собрани на „Плоштадот на заложниците“ во Тел Авив и со нетрпение ја чекаат веста за почеток на ослободување на втората група на заложниците, одбележувајќи „50 дена пекол“ откако се киднапирани.

Сашко Димовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеполасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе