Бугарија треба да го крене ветото за македонските интеграции во ЕУ, не само за да ги придвижи работите на позитивно за земјава, туку и саматa ќе се ослободи од имиџот на кочничари и реалната осуда која ја трпи од своите партнерите. Ова е став на поранешниот амбасадор на земјава во Софија, Никола Тодорчевски, според кого било кој потег на задоволување на бугарските барања, може да доведе до нивно мултиплицирање.
„Во истиот момент кога, како што вие кажувате, ние би направиле нешто за да ги задоволиме нивните барања, тие барања може да се мултиплицираат, и од бугарска страна и од некои други земји. И тогаш нема ништо, вели Тодорчевски.
Тој смета дека излез за придвижување на процесот и за олабавување на тензичните ситуации и изјави од двете страни, кои во други ситуации и историски околносто можат да се покажат како пречка, е Бугарија сега да го крене ветото, а потоа да се седне на маса и да се разговара.
„Ако условот му создава проблеми на тој што го поставува условот, тогаш и условот е предмет на разговор и на размислување“, вели Тодорчевски.
Амбасадорот Тодорчевски смета дека ако се закочи процесот, ако пропадне Берлинскиот процес, ако се оди наспроти јасните укажувања на САД и се запре процесот на пристапување на другите земји од регионот, тоа е сеопфатен неуспех на неколку страни.
„Бугарија има капацитет, има луѓе, излегла и од многу потешки ситуации и има суптстанца, има зрнце на успех, ако се напарви едно, би рекол повеќе, тактично повлекување, а се избегне негативниот ефект што се создава. Некогаш не го гледате ,мечот шти ви стои над глава, туку гледате само пред вас, да го уништите предизвикот, а не го гледате мечот што ви стои вам над глава“, смета Тодорчевски.
Тој смета дека освен што ќе биде подобро за нив да го кренат ветото ќе биде позитивно и за ЕУ дека таа не дава лажни ветувања, туку дека реално сака да го придвижи процесот во Западниот Балкан. Амбасадорот Тодорчевски е на став дека институциите на ЕУ, но и другите земји можат да го закочат и да го запрат процесот во некоја друга фаза, на некое друго прашање, а вака како што е направено сега, носи само негативни поени за Бугарија, но и за ЕУ, земјата-претседавач Германија, но и спротивно на ставовите на Америка.
Тамара Грнчароска