Дарувањето на орган е спасување на живот и таа кампања постојано треба да се повторува, порача Сашо Дохчев, директор на Клиниката за урологија, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Тоа не се вреднува со ништо друго. Сите сме потенцијални дарители на органи по смртта. Законот е многу добар, законска пречка нема. Само волја. Освен ако некој на нотар наведе дека не сака да донира органи“, вели Дохчев.
За трансплантацијата од жив донор, нагласи Дохчев, нема листа. За кадаверична трансплантација, според првиот човек на Урологија, чекаат околу 80 лица.