Вести Македонија

Маричиќ: Македонија ќе приложи реален план за реформи, а не список на желби за средствата од Планот за раст на ЕУ

Реален план, а не список на желби. Вака вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, го нарече тоа што Македонија ќе го подготви како документ насловен како стратегија за реформи, а кој земјава треба да и го достави на Европската комисија за парите кои Брисел реши да ги алоцира во Планот за раст на Западниот Балкан. Со шест милијарди евра – две во неповратни средства и четири во заеми со поволно каматни стапки, Комисијата има за цел што побрзо да ги интегрира земјите од регионот во заедничкиот европски пазар, но и да им го зголеми економскиот раст за седум проценти годишно и за 10 години да го удвои просечнио БДП на регионот.

„Реформите ќе се базираат на работи и индикатори што ние веќе ги знаеме. Тоа се Извештајот за напредокот, тоа се резултатите и извештаите од скрининг процесот којшто се ближи кон својот крај и тоа се оние забелешки што ние веќе ги знаеме, но треба да дефинираме што во кој рок ќе се заврши. Што во прва фа, што во втора фаза“, вели Маричиќ.

Маричиќ заедо со министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска беа домаќини на министрите за финансии од земјите од Западниот Балкан, како и главните преговарачи со Европската унија, на кои тим од Директоратот за проширување на Европската комисија им ги презентираше деталите од планот кој треба да се реализира од 2024 до 2027 година.

Бесими информираше дека се уште не е утврдено која земја колку средства ќе добие како неповратна буџетска поддршка, со која Комисијата ќе ја наградува секоја спроведена реформа која земјите ги презеле со сратегијата за реформи.

„Беше објаснето и ќе си објасни од Европска унија по кои критериуми. Битно е дека ќе бидат транспарентни и кои критериуми ќе бидат. Едно е големината на земјата, второ е економијата, бруто домашниот производ. Тоа ќе биде транспарентно. Бидејќи ова се веќе детали, но ќе кажам, средствата се алоцираат за земјата и како земјата ги исполнува условите, ги добива“, вели Бесими.

Стратегиите змејите од Западиот Балкан треба да ги достав до Брисел за околу три месеци по што тите треба да бидат усвоени од Комисијата, а целиот план со се документите од Европскиот совет и Европскиот парламент. Претставници на Директоратот за проширување брифираат дека не очекува блокади на Планот и стратегиите на некоја од земјите-членки. Доколку има блокада, тоа ќе ги засега сите змеји од регионот, односно не се можн билатерлани блокади на Планот.

Доколу тој ги помине сите процедури и биде усвон до јуни, првата исплата за земјите од неповратните средства се очекува да се случи во текот на летото. Според планот, секоја наведена реформа во стратегиите ќе биде оценета со висина на чинење, кои средства ќе се исплаќаат во буџетите на државите откако секоја поединечна реформа биде спроведена. Исплати ќе се прават на секои шест месеци. Доколку некоја земја има назадување или неспроведување на реформата за кој била исплатена, ќе и се кратат средства од следната транша. Предидена е исплата и пред старт на некоја од реформите, како што се на пример реформите на енергетскиот сектор, животната средина, но засега планот е тоа да биде не повеќе од сеудм проценти од средствата предвидени за таа реформа во помошта.

Во делот на заемите, за нив ќе се аплицира со проекти. Регионалните проекти за кои нема да биде можно да се определи колку точно средства треба да добие секоја од земјите-апликанти, проектот ќе биде префрлен да се реализира од претпристапните фондови. Доколку некоја земја заостанува со апликациите и реализацијата, средствата ќе се распределуваат на другите држави.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе