Вести Македонија

АХВ: Доколку потрошувачите најдат производ од брендот PRIME HYDRATION DRINK кој не е регистриран, веднаш да пријават

Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни  (RASSF)  дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден безалкохолен пијалак.

Во регистарот за збогатена храна на Агенцијата за храна и ветеринарство регистриран е безалкохолен пијалак PRIME HYDRATION DRINK за кое АХВ има издадено одобрение за ставање во промет.

  • „Кај нас е одобрена верзијата без кофеин т.е. производи декларирани како пијалаци  за хидратација (PRIME HYDRATION DRINK) кои се збогатени со витамини и амино киселини, со различни вкусови. За овие производи постои Мислење од Фармацевтски факултет дека истите можат да се употребуваат како збогатена храна, почитувајќи ги препораките за консумација и предупредувањата наведени на означувањето на овие производи“, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од каде апелираат до потрошувачите доколку на пазарот најдат производ од овој бренд кој не е регистриран /одобрен од Агенцијата, тоа да го пријават во АХВ, лично, на бесплатната линија за потрошувачи 0800 3 22 22 или електронски на [email protected].

Инаку, инспекцијата на Управата за безбедност на храна, ветеринарство и заштита на растенијата на Словенија извршила контроли на пијалокот Прајм и открила дека во оптек има две верзии.

Проверката на состојките покажа дека енергетскиот пијалок Prime ја содржи состојката Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци во ЕУ, но е дозволена во друга храна. Тоа значи дека оваа верзија е забранета за оптек, пренесува slovenski24ur.

Кофеинскиот енергетски пијалок на овој бренд содржи дури 200 mg кофеин по конзерва. За споредба, најпознатиот енергетски пијалок на пазарот содржи 80 мг кофеин по конзерва.

Откако Словенија ја забрани кофеинската верзија на енергетскиот пијалок Prime и Хрватска најави дека ќе издаде предупредување за штетноста на енергетските пијалоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе