Вести Свет

Израелци во Тел Авив повикаа на прекин на огнот, палестински поддржувачи во Вашингтон бараат интифада

Израелски активисти вечерва во Тел Авив повикаа на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Актуелен прекин на огнот“, „Без воено решение“, „Прекин на огнот, договор за заложниците“ додека во Ерусалим, пред домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се одржуваат протести на кои се бара негова оставка поради нападот на Хамас на 7 октомври врз Израел.

Поддржувачите на Палестинците денеска во Вашингтон одржаа протест, при што скандираа „Интифада, интифада, интифада“. Интифада на арапски јазик е востание или движење на отпорот и обично се употребува за двата бунта на Палестинците против израелската окупација на нивните територии.

Првата интифада почна во 1987 година и траеше до 1993 година по потпишувањето на Договорот од Осло и воспоставување на Палестинската самоуправа. За време на првата интифада загинаа 1.162 Палестинци и 160 Израелци.

Втората интифада или Ал Акса интифада почна во септември во 2000 година, откако Ариел Шарон како лидер на тогаш опозициската партија Ликуд, влезе во просторот на ерусалимските џамии, каде до првиот век постоел еврејски храм. Тоа Палестинците го оценија како провокација и набрзо потоа избувнаа жестоки судири. Оваа интифада сè уште во тек и покрвава е од претходната. До 2004 година убиени се 3.223 Палестинци и 950 Израелци.

И во повеќе европски градови денеска се одржаа митинзи за поддршка на Палестинците, при што беше упатен апел за прекин на огнот во Појасот Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одложено судењето на Нетанјаху поради дипломатски и безбедносни причини

Дејан Дејан

Орбан го обвини Брисел за „одвратната“ Парада на гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Рекордно високи температури во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе