За да бидат слушнати нивните барања за повисоки пензии, група пензионери од Тетово го блокираа сообраќајот на влезот на градот и маршираа за подостоинствен живот. Повеќе од половина од пензионерите од овој регион се претежно со ниски пензии, па се жалат дека со зголемувањето на трошоците за живот, едвај преживуваат.
Во Битола пензионери се собраа на протест на плоштадот и по одржаните говори продолжија пред зградата каде што се наоѓа Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Од Иницијативниот одбор за барање на поголеми права за пензионерите, велат дека сѐ уште немаат добиено информации од работната група за предлог мерките.
Пензионерите уште еднаш потенцираа дека нема да се откажат од нивните барања за линерано покачување од 5.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари. Најавија заеднички протест во Скопје на 7 ноември.
Данијела Билбилоска