Вести Македонија

Поранешни министри за здравство ќе реферираат кај претседателката на Анкетната комисија Мизрахи

Едногласно усвоен деловник, договор за темпото со кое ќе се одвива работата и првичен план како и кои поранешни и сегашни функционери ќе се повикуваат како сведоци. Собраниската Анкетна комисија која треба да утврди дали има политичак одговорност на Клиниката за онкологија и дали се прекршени правата на пациентите денеска ја одржа првата седница.

Претседателката на Комисијата, пратеничката Рашела Мизрахи најави дека денеска ќе разговара со поранешни министри за здравство, но не прецизираше дали тие ќе бидат повикани како сведоци и кога.

„Анкетната комисија нема да биде инквизиција, ќе работи објективно и ќе донесе заклучоци врз основ на релеватни и вистинити факти, а наодите и решенијата на Комисијата може да им послужат и на истражните опргани“, најави претседателката Мизрахи.

Анкетната комисија има рок, па затоа седниците ќе биде со згуснат распоред.

Пратеникот од редовите на СДСМ, Ненад Коциќ, член на Комисијата, смета дека треба да се испитува работењето на именуваните функционери петнаесетина години наназад.

Ве меѓувреме, од Обвинителството без нови информации околу текот на истрагата, а она што е познато е дека двајца обвинители ја водат предистрагата, консултирани се екперти за да се следи трагата на биолошката терапија, контактирано е со истражни органи во Косово и Албанија и се вршат распити вработени и пациенти.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фатен нов див приклучок на вода во Сарај – поднесена кривична пријава

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Судот му даде куќен притвор на мотоциклистот кој до смрт прегази пешак на скопскиот Кеј зад владата и избега

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе