Вести Македонија Топ вести

Битолска фирма ќе копа јаловина во РЕК Битола – ЕСМ го склучи најголемиот тендер за ископ во последните неколку години

Склучен е досега најголемиот тендер за ископ во последните неколку години. Тендерот го распиша ЕСМ, а битолската фирма „Марковски компани“ ќе има обврска да ископа четири милиони кубни метри јаловина. Вредноста на договорот е речиси 25 милиони евра со вклучен ДДВ. Но, ЕСМ не мора да го реализира во целост до оваа сума.

Исто така, според договорот, „Марковски компани“ има обврска да ангажира лица за да ја завршат работата, да обезбеди механизација, редовна исплата на плати, опрема за работа и друго. Ако не се придржува кон договреното ќе треба да плаќа пенали. Во договорот три фирми се јавуваат како подизведувачи.

Според дел од медиумите, првите луѓе на двете фирми кои се од Струмица се поврзани со поранешниот премиер Заев. Прашавме и во ЕСМ зошто вредноста на договорот е толку голема, но од таму одговор нема.

Ова не е прв пат битолската фирма „Марковски компани“ да биде избрана на тендер за ископ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе