Вести Македонија Топ вести

Агелер за предложениот закон за амнестија – важно е ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални

Американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со предложениот закон за амнестија денеска изјави дека за САД и Американската амбасада е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални.

Таа одговарајќи на новинарско прашање при посетата на селото Радово по повод пуштање во употреба на предучилишен едукативен центар во Босилево, преку програма на УСАИД, нагласи дека е запознаена оти законот е влезен во собраниска процедура, но дека не е ја знае неговата содржина и додаде дека е важно политичките лидери да ја запознаат јавноста со потребата од негово носење.

  • Граѓаните во земјата треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува и нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме процесот за да го видиме крајниот резултат, рече Агелер.

Кабинетот на претседателот на Парламентот вчера информира дека законот веќе е доставен до пратениците и е предложен да се носи по скратена постапка.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера дециден дека законот не е правен за личности, туку за дела од помал обем со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети, а од опозицијата остануваат на ставот дека со законот се опфатени „озлогласени криминалци“.

Ахмети и Ковачевски договарале закон за амнестија тврди Рафиз Алити, поранешен командант на УЧК

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе