Автобус излетал од патот мост и паднал помеѓу пат и железничка линија каде се запалил. Несреќата се случила во областа Местре во близина Венеција.
Најмалку 21 лице загина од кои 2 се деца. Меѓу загинатите има и јагленисани тела на патниците кои не успеале да излезат од запалениот автобис, објавуваат италијанските медиуми.
Извлечени се 18 повредени кои се префрлени во болница. Не е позната причината за несреќата, а споре првичните информации автобусот удрил и ја пробил банкината по што паднал во просторот меѓу патот и железницата.
Жртвите се уште не се идентификувани, но најверојатно станува збор за странски туристи од различни националности.
-Изгледа како обичен автобус, но се користеше за превоз на туристи. Изгледа во него имаше многу странци, меѓу кои и деца. Најдовме неколку украински документи,. изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро за националната телевизоја РАИ и соопшти дека е прогласена кризна медицинска состојба за да се повикаат дополнителни смени на здравствеби работници како и тимови за спасување.