Вести Македонија Топ вести

Дел од судовите од внатрешноста се пред колапс – 150 судии се во пензија, а за две години уште 100-тина други ќе ги испразнат столчињата

Откако Врховниот суд ги укина решенијата на судски совет кој 6 судии ги делегираше во судовите кои се соочуваат со сериозен недостаток на судии, во понеделник Советот повторно ќе одлучува за истото прашање. Членовите на советот ќе треба да пресечат  дали ќе ги предлагаат повторно истите 6 мина судии кои ја добија битката пред Врховен, со тоа што подобро ќе ги образложат одлуките како што од нив бара Врховниот суд или ќе испрата други судии. Мегу 6 темина е Кирил Геогиев, синот на врховниот судија Наке Георгиев  кој се изземал кога се одлучувало за ова прашање . Младиот Георгиев се пријавил да биде делегиран во беровскиот суд  но судски го испратил во прилепскиот суд .  Претседатлеот на судски Сашко Георгиев не ја коментираше одлуката на Врховен во која стои дека Судкси совет неправилно го применил законот, туку го истакна пороблемот со недостаоткот на судиите

Моментално од основните судови најалармантно е во судовите во Прилеп Струга Кичево Делчево Кочани Крушево. Поради пензионирањата од една страна но и интересот на новите судии со завршена академија пред се за скопските судови, судски совет се одлучи времено  да упатува судии во судови на кои им се кадровски колапс.

Блокада на судството според  Георгиев е можна и поради со протестите и штрајковите на судската администрација на која министерството за финансии и ги скрати додатоците на плата. Ова според него е резултат на деценискиот проблемот со финансиската зависност на судската власт од извршната.

Првите луѓе во праовсудството денеска присуствуваа во Штипска апелација на пуштање на прва фотоволтаична централа во суд во државата

 

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе