Вести Македонија Топ вести

СДСМ контра СДСМ за законот за амнестија

Кој е консултиран, кој го видел, а кој допрва ќе го разгледува законот за амнестија што треба целосно да ослободи 290 затвореници, а на  960 да им ја намали казната за 30 проценти? Владејачката СДСМ е на два ума. Пратениците тврдат дека не биле консултирани и не го виделе досега законот. И од опозицијата кои најавија бројни амандмани, тврдат дека не се консултирани, но премиерот ги демантира сите.

Пратеничката Калеска Ванчева во синоќешната Топ тема тврдеше дека не само што не го виделе законот, туку и ставот за тоа како ќе гласаат ќе го градат дополнително.

Министерот за внатрешни работи отворено се спротивстави на законот. Опозицискиот лидер, кој најави дека со бројни амандмани ќе го блокира законот, му порача на министерот Спасовски дека има две опции.

На законот, кој денеска стигна во Собрание, нема европско знаменце, но ќе се носи по скратена постапка. Образложението е дека се носи со цел да се релаксираат пренатрупаните затвори. По реакциите дека со него ќе бидат ослободени и лица осудени во случајот „Монструм„, Ковачевски најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе