Вести Македонија Топ вести

Георгиев го повика министерот за финансии да одобри средства за додатоците на судската администрација, инаку судовите ќе се блокираат

Претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев го повика министерот за фианансии да одобри средства за исплата на дотатоците на судските службеници и администрација, бидејќи како што вели судовите ќе се блокираат. Судскиот совет вчера нема донесено одлука за  додатоците на плата, од причина што немаат средства за исплата. Георгиев истакна дека проблемот со финансиската зависност на судската власт од извршната е децениски проблем и се одразува во секој сегмент.

-Тоа го истакнуваме како децениски проблем во минататото, а се носиме во сегашноста како реален проблем. Имаме активни протести, а некаде и најави за штрајкови. Не знам колку ви е познато, но за целиот овој период имаме неколку состаноци со претставници на синдикалните организации и се обидуваме да најдеме некои соодветни решенија. Морам да кажам дека сето тоа тешко оди и зависи од Министерство за финансии, којшто треба на крајот да ги исплатат овие средства како додатоци на плата. Судскиот буџетски совет во неколку наврати имаше и обиди со свои одлуки за пренамена на средства од капиталните инвестиции коишто се на располагање да ги пренамени во додатоци за плата и како би се изамортизирал тој дел и да може на некој начин утешно да се, со некој процент делува за администрацијата, вели Георгиев.

Но, како што наведе, од страна на Министерството за финансии не поминало и оваа решение и не се одобрени овие парични средства и судската администрација и службеници останаа без додатоци.

-Тоа претставува реален проблем и работиме на тоа. Значи во делот на министерот за финансии уште еднаш го повикувам да има разбирање и да најде начин да се надминат овие проблеми, инаку би дошло до блокирање на судството, ќе застане судството, бидејќи без оваа судска администрација ќе се блокира судството во буквална смисла на зборот. Тоа е една алатка во судството, каде што без овој дел не може да функционира судството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе