Вести Македонија Топ вести

Македонија ги пишува патоказите за ЕУ, но не се знае кога ќе се гласа за уставни измени

Земјите членки го усвоиле скрининг извештајот за Македонија, а деновиве земјава чека покана од Европсаката унија да и ги достави патоказите за владеење на правото, реформа на јавната администрација, демократски институции, на кои досега веќе се работелeо во соработка со институциите и граѓанските организации.

„Во моментот кога ќе добиеме формално официјална покана за доставување на патоказите ќе можеме да направиме формални консултации и со граѓанските организации што планираме да го направиме. И планираме најмалку една сесија во Собранието, секако зависно како ќе одлучи Собранието да ја изврши консултацијата“, изјави Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.

И додека се подготвуваат документите кои треба да покажат како Македонија ќе ги продолжи реформите во клучните обаласти во преговорите за пристапување, она што останува непознато е кога тие преговори ќе продолжат, бидејќи се уште не се знае кога ќе се случи гласањето за отворање на Уставот.

„Започната е процедурата, гласањето ќе биде во оној момент кога ќе бидеме сигурни дека има добри шанси за 80 гласа“, изјави Маричиќ.

На прашањето дали може да се испушти неформалниот рок крајот на ноември, почетокот на декември, вицепремиерот за европски прашања со одговор:

„Помалку време има со секој изминат ден, но ние сепак сметаме дека има доволно време за сите обврски да се завршат до крајот на оваа година“.

Освен на патоказите, Маричиќ вели се работи и на Акцискиот план за правата на малцинствата во Македонија, кој исто така треба да биде усвен од сите земји членки, за Македонија да ги продолжи пристапните преговори. Во тој контекст, за неодамнешниот ивештај на Комисијата против расизам и нетолеранција на Советот на Европа во кој се бара системски одговор на Македонија на говорот на омраза и нападите врз Бугарите во земјава, тој вели дека досега немало разговори со Бугарија за тоа. Вуцепремиерот притоа е на став дека треба да бидат разгледани сите извештаи кога ќе се пишува Акцискиот план, и оние кои и одат и оние кои не и одат во прилог на земјава, се со цел да се докаже дека во земјава нема системска дискриминација против ниедна заедница, вклучително и бугарската.

Маричиќ инаку е убеден дека по завршувањето на уставните измени нови блокади нема да има од ниедна држава, вклучително и Бугарија, бидејќи како што рече, никој не би имала кредибилитет да го направи тоа.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе