Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и денеска остана на својот цврст став околу законот за амнестија дека со него нема да се постигне посакуваниот ефект, како и дека наместо ослободување на затвореници потребно е да се размислува на создавање на неопходните услови во затворите во земјава.
Запрашан околу расположението на неговите сопартијци по однос на предлог законското решение, вели дека тие ќе го артикулираат ставот во Собранието.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.