Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Ќе го напуштиме Собранието ако се стави европско знаменце на Законот за амнестија

Доколку Законот за амнестија се стави во собраниска процедура со европско знаменце, ВМРО ДПМНЕ ќе го напушти Собранието.

Ова е пораката од лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, која ја пренесе во своето обраќање на Конференцијата на Унија на ветерани во Струмица. Според Мицкоски, власта покажувала знаци на очај пред изборна кампања.

„Оној срамен Закон за амнестија на криминалци кој сега го поднесоа е само показател за очајот во кој се наоѓаат. Прво си донесоа по скратена процедура, злоупотребувајќи го европското знаменце, Закон за измена на членовите на КЗ со кои сакаат да мислат дека се заштитени по падот од власта, а сега пред изборите прават сценарио за слобода на голем дел криминалци. Мислат дека тие ќе им помогнат во изборната кампања. Ковачевски морам да признам, плаќа висока цена за својата коалиција, и силно го деградира нашето општество“, рече Мискоски. 

 

Тој во својот говор изрази мислење дека криминалците во Македонија не се плашеле од одговорност затоа што Владата продуцирала неодговорност, а од друга страна тврдела дека следи европски практики.

„Ќе ве потсетам ако се сеќавате, велеа „Нема правда нема мир“, ветуваа дека ќе се дознаела вистината за убиството за Смилковското езеро, организираа протести, заведуваа народ, ги лажеа родителите на настраданите, за да сега истите тие се борат за нивната слобода. Да излезат тие и стотици други кои правеле разбојништва, кражби, перење на пари и слично. Ова се последните очајни крици на власта. Овој закон за слобода на криминалци меѓу кои и оние од „Монструм“, за кој нема европско знаменце што значи нема скратена процедура, ќе мора да се дискутира во Парламентот по стандардна процедура. ВМРО-ДПМНЕ отворено кажува дека ќе го блокира“,

рече Мицкоски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе