Вести Македонија Топ вести

Жителите на село Жировница се плашат да излезат од дома – мечки им се шетаат по дворовите

Повозрасна жена од мавровското село Жировница, која живее сама, низ солзи го раскажа моментот кога мечка се обидела да и влезе дома.

Ова не е единствен случај. Жителите на Маврово и Ростуше раскажуваат дека е зголемено присуство на мечки последниот период. Таму се села со тесни улички, а мечките одејќи во лов на храна се спуштаат дури до куќите на луѓето, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Жителите велат дека стравуваат за нивниот живот. Раскажуваат дека сега им е отежнато секојдневието. Децата не смеат да излезат од дома сами, а повозрасните мораат постојано да носат петарди за да се заштитиат ако име се појави мечка. Велат дека веќе се забележуваат и првите материјални штети.

-Ние со мечката имаме огромен проблем, целото село и пошироко. Меѓутоа мојот личен проблем со мечката е тоа што она во мојата штала влегува речиси секој втори ден и досега ми има изедено десетина овци, вели жител на селото Жировница.

Според надлежните голем проблем е тоа што тој вид на мечки е забранет за лов. Се претпоставува дека има од 160 до 180 мечки на територијата на Маврово и Ростуше, би требало да ги има 70. Граѓаните на тоа населено место бараат да биде прогласена кризна состојба и да се пронајде решение со цел да се спречат понатамошните штети. Во понеделник Владата ќе решава за оваа одлука. Се проценува дека на територијата на Македонија има повеќе од 500 мечки.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе