Вести Македонија Топ вести

Доктор Беќаровски објави порака која му ја испратил наводен роднина на починатото 24-годишно момче

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук објави порака за која вели дека му пристигнала нему лично, а е поврзана со смртта на 24-годишно момче кое почина завчера во битолската болница. Пораката, пишува Беќаровски, ја објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на  иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коагулација. Според докторот, грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија.

Пораката е од наводен роднина на момчето, кој вели дека семејството се сомнева поради што дошло до тој голем инфект кај момчето.

„Имено, пред три недели имаше мал хируршки, ако можам да го наречам, зафат, или интервенција на ортопедија бидејќи во јуни месец се повреди со некоја сајла по грбот, имаше рана за која не отиде на лекар. Бидејќи изгледаше како површинска исекотина. Пред неполни три недели, детето во туширање со допир осетил дека нешто има на повреденото место, како некое страно тело, кое не го боли, туку само на допир се осеќа. Во истиот момент оди на болница, го упатуваат на ортопедија, му објаснува таму за случајот и тие му велат сега е касно, дојди утре ќе направиме ренген и ќе видиме што имаш. Другиот ден, детето оди таму, прави ренген и на него се гледа метален предмет осносно беше парче железо. Му го вадат железото одма и го прашува докторот кога имаш последен пат примено тетанус? Тој му одговара ревакцинација на 18 години. Докторот му вели – добро нема потреба од нова доза, и на толку длабока рана не го шие, само му вели ела другиот ден на преврска. Другиот ден оди, ама нема кој да го види , нема доктор само сестрата го преврзува и тоа е тоа. Е тука јас се сомневам е лекарската грешка“, завршува пораката испратена до д-р Беќаровски, од наводен роднина.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе