Вести Македонија Топ вести

Формирана анкетна комисија за Онкологија, ќе биде ли единствената со завршница?

13 пратеници и уште толку нивни заменици ќе утврдуваат дали во скандалот на Клиниката за Онкологија има политичка одговорност на функционерите во владата, кој е одговорен за случувањата на клиниката и дали на пациентите им биле загрозени човековите права.  Составот на Анкетната комисија беше утврден денеска. По правило, со овие комисии претседава опозицијата, а за позицијата овојпат  беше избрана пратеничката Рашела Мизрахи. Нејзин заменик ќе биде Александар Вељановски. Гласањето беше едногласно, а опозицијата имаше забелешка само за тоа што еден месец се доцни со формирањето на комисијата.

Се надевам дека тоа не е тенденциозно, но и дека комисијата успешно ќе си ја заврши својата работа, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство уште еднаш потенцираа дека, без никакви калкулации, веднаш прифатија да се формира анкетна комисија за скандалот.

Овие комисии никогаш досега немале завршница. Во Собранието кружи и анегдота дека, „ако не сакаш некоја работа да биде завршена, формирај анкетна комисија„. За тоа се свесни и пратениците со повисок стаж, кои овојпат се оптимисти.

Жалам што до сега, во сите вакви комисии во кои сум членувал, немало завршница. Овојпат верувам дека сите заедно ќе утврдиме одговорност за скандалот, изјави потпретседателот на Собранието, рече потпретседателот на собранието Горан Мисовски.

Се очекува комисијата да биде изгласана веќе на пленарната седница во вторник, со што ќе може да почне со работа.Паралелно тече и истрагата од јавното обвинителство, преку распити на пациенти и на медицински лица.Во тек е и финансиска истрага, како и детално вештачење на економско-финансиското работење на клиниката.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе