Вести Македонија

Јовески: Обвинителството мора да ги применува КЗ, нема да застарат многу предмети

Собранието ги донело измените во законита постапка и  јавното обвинителство е должно да ги применува, изјави државниот обивнител Љубомир Јовески  три недели недели откако беше изгласан КЗ, кој предизивкаа бура во јавноста. Иако, Влада не го консулиташе Обвинителството а измените беа донесени со европско знаменце за што реагираше и Европската комисија,  државниот обвинител Љубомир Јовески смета дека ставот на обвинителството е ирелевантен бидејки тоа е волја на пратениците.

Колку предмети ќе застарат колку ќе се преквалификуваат Јовески тврди дека  во овој момент обивнителстовто не може да направи статистика сепак е оптимист дека нема да застарат многу предмети. Вели дека обивнителствата ќе се потрудат се што може да се спасат во предметите и ако имаоснови и докази за конфискација да бараат и конфискување на имотот

Обвинителите периодов работеле на тоа да ги согледаат проблемите и потешкотиите од примената за законот и заедно со вишите обвинители да заземат став, вели државниот обвинител. За секое прашање поединчно и за секој предмет посебно.

Јовески одговори на новинарските прашања по седницата на Советот на јавни обивнители каде се бираше налесник на досегашниот претседател Антонио Јолевски чиј мандат истекува. Новата претседателка која е член на советот од јануари годинава, Душица Димитриевска верува дека законот бил донесен врз основа на некакви анализи,  и покрај тоа што најголем дел од институциите потврдија дека не биле прашани за мислење а немаше ниту јавна расправа.

Димитриеска како единствена кандидат  за функцијата ја предложи досегашниот претседател Јолевски и беше едногласно избрана од колегите. За свој заменик таа го предложи Иџет Мемети, член на советот и поранешен народен правобранител. Во првата изјава за медиумите тие најавија дека ќе бидат транспаратенти ќе ја надградат работата на Советот ќе придонесуваат за владеење на правото и ќе ја штитат фелата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Во ребалансот на буџетот е предвидено покачување на пензиите

Дејан Дејан

Периодот на консолидирање и стабилизација е завршен, почнуваме да генерираме раст – Мицкоски за македонската економија

Дејан Дејан

Два автомобила со материјали и полициска придружба – транспорт на предметот за пожарот во „Пулс“ на пат од Кочани кон Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе