Вести Свет

Рама ја повика евро-атлантската заедница под итно да ги седна на масата за дијалог Косово и Србија за нормализација на состојбата

Албанскиот премиер Еди Рама, во реакцијата по последните случувања во северниот дел на Косово оценува дека „трагедијата со загубата на животот на косовскиот полицаец е најголемото алармно ѕвоно досега за тековниот ризик долготрајната криза да прерасне во вооружен конфликт“.

Додава дека „криминалците кои му го одзедоа животот на невин човек, кој служеше под државната униформа на силите на редот на Република Косово, мора да бидат изведени пред лицето на правдата“.

Евро-атлантската заедница мора да ја собере целата своја импозантна сила и неповратно да ги смести Косово и Србија на масата на дијалогот за нормализација. Свикувањето на вонредна мировна конференција, под надзор и гаранција на Европската унија и САД, и истовремено преземање на сите вонредни мерки со КФОР, за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата, се стратешка неопходност не само за редот и безбедноста на Косово денес, туку и за мирот и иднината на регионот утре, пред продолжената криза на северот на Косово да излезе од контрола и да се претвори во дестабилизирачки оган за целиот регион, напиша Рама на социјалните мрежи.

Реагираше и шефот на албанската држава, Бајрам Бегај, оценувајќи го како „криминален чин, кој тешко ги нарушува редот и безбедноста на Косово“.

Изразувам искрено сочувство до семејството на убиениот полицаец и посакувам брзо закрепнување на повредените полицајци. Во овие моменти, смиреност, разумност и блиска соработка со КФОР и сојузниците се потребни повеќе од кога било. Албанија секогаш му дава поддршка на Косово, напиша тој на Фејсбук.

Ја повика меѓународната заедница одлучно да реагира на нарачателите и реализаторите на овој „многу сериозен чин за стабилноста на Косово и мирот во регионот на Западен Балкан“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе