Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Како на филм обиена архивата на Вишиот суд во Црна Гора

Непознати лица како на филм успеале да го обијат депото на архивот на Вишиот суд во Црна Гора. Ископале тунел од стан од соседна зграда до просторијата и со помош на камионот го пробиле речиси еден метар дебелиот ѕид.

Според бирото за оперативна координација на органите на разузнавачкиот и безбедносниот сектор ова е најопасниот напад врз државните институции и правосудниот систем.

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека шест лица се осомничени за настанот, а возилото кое го користеле за обивање на судското депо е пронајдено. Тој вели дека неверојатно е дека Вишиот суд не можел да постави видеонадзор, камера која чини околу сто евра, па целиот овој настан како што рече потсетува на рубриката „Верувале или не“.

Во депото на судот, според локалните медиуми, имало повеќе од девет тони дрога, 400 парчиња оружје, муниција, експлозиви и голем број документи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе