Сопственикот на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски кој беше осуден на две години и шест месеци затвор е пуштен на слобода, откако Управата за извршување на санкции му дала прекин на казната од 30 дена.
Стаменковски добил прекин на казната и покрај тоа што против него се води и предистрага, која се очекува да открие кој го плаќал и кој ги нарачувал текстовите со навредлива содржина кои ги објавуваше. Сопственикот на порталот иако според пресудата имаше забрана за вршење на професија и регистрирани домејни, тој сепак продолжи со објавување на текстови на други портали.
Покрај затворската и паричната казна, Стаменковски доби и „забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела“, односно забрана да врши регистрација на домејн и да се јави како регистрант или сопственик на портал за време од шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домеини во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.
Тој се товареше за пет кривични дела. Две за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.