Вести Македонија

Меџити на Фејсбук постави прашање: Ќе му го вратат ли следната недела пасошот на Никола Груевски?

Дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Никола Груевски, бидејќи со измените на КЗ автоматски се ослободува од одговорност за случајот ТНТ и ТРАЕКТОРИЈА, додека за другите кривични дела за кои е осуден ќе му се овозможи повторување на кривичната постапка, праша преку својот профил на Фејсбук Изет Меџити, лидерот на Демократското Движење.

Меџити претходно рече дека оние кои помогнале за бегството на Груевски и сега за неговото враќање, ќе сносат одговорност.

Изгласувањето на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со кој меѓудругото се намалуваат казните за различните облици на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Злосторничко здружување“, предизвика бројни реакции во јавноста.

Албанските партии, Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење сметаат дека измените во Кривичниот законик кои Владата ги предложи до Собранието се прават да се спаси Никола Груевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе