Вести Свет Топ вести

Педесет и седум полицајци и чувари како заложници – затворски бунт во Еквадор

Затвореници од шест казнено-поправни установи во Еквадор држат како заложници 57 чувари и полицајци како одмазда за операцијата на државните вооружени сили во затворите, соопшти Еквадорската затворска агенција (СНАИ).

Во екот на еднодневното насилство предизвикано од експлозија на две автомобил-бомби во Кито, СНАИ соопшти дека седум полицајци и 50 затворски чувари биле „затворени во шест притворски центри“, без да даде дополнителни детали.

Министерот за внатрешни работи на Еквадор, Хуан Запата претходно изјави дека сите чувари биле земени како заложници во затворот Куенка, во југозападниот дел на земјата, каде што затворениците протестираат од средата против полицискиот притисок во затворот.

Еквадор е зафатен од затворски немири од 2021 година, во кои досега загинаа 430 затвореници. Владата ги припишува на конфликтите меѓу нарко-бандите кои водат војна за власт во казнено-поправните установи во земјата и ги користат како бази за нивните операции. Претседателот Гиљермо Ласо се бори со зголеменото насилство во земјата која се користи како транзитна точка за кокаинот кој се транспортира кон Европа и САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе