Вести Македонија

Матичните наместо лекарите специјалисти од сега ќе препишуваат лекови за хроничните болни

Со реформите во здравствениот систем, од сега матичните лекари ќе препишуваат лекови за хроничните болни, наместо како до сега специјалистите. Оваа промена на доближување на здравствените услуги до граѓаните е особено поволна за оние од внатрешноста зашто нема да мораат да губат и време и средства за да ја добијат конзилијарната терапија , која до сега одеше преку терциерното, а сега ќе биде преку примарното здравство.

  • Нема потреба од непотребни закажувања кај специјалист кога треба да ви се препише  само терапија или да се направи  одредена дијагностичка процедура. Согласно протоколите, променет е режимот на препишување лекови . Сега ќе се препишуваат повеќе лекови за контрола на крвниот притисок, за контрола на мастите кај дијабетичарите, за контрола на Асма и Хоп, за контрола на Хипотероидизмот. Матичните лекари имаат поголеми ингеренции за дијагностика. Може да препишуваат упати за лабораторија, со цел да го следат пациентот. И можат да ги препишуваат лековите со исти компетенции, како што до сега правеа лекарите специјалисти, изјави д-р Злате Мехмедовиќ- Координатор на реформите во примарното здравство.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државниот завод за ревизија утврди слабости во финансиското работење на Општина Центар

Дејан Дејан

(ФОТО)Пораки од „Кој е следен?“ – Наведнатата глава не ни помага – сабјата упорно нè сече

Дејан Дејан

Израел го прифати предлогот на Трамп за примирје со Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе