Вести Македонија Топ вести

Ковачевски: Дента кога ќе се изгласаат уставните измени, ќе поднесеме оставка и ќе има избори

Премиерот Димитар Ковачевски во гостување на Сител рече дека дента кога ќе се изгласаат уставните измени, ќе поднесе оставка и ќе има избори..

„Ниту еден човек не се родил за да биде премиер, тоа е голема чест и одговорност, да спроведеш визија на граѓаните да живеат подобро и да бидеш со нив. И ако го погледнете моето експозе, за потребата од усвојување уставни измени, јас таму бев апсолутно искрен, што добиваме со ЕУ. Јас јавно кажав дека дента кога ќе ги изгласаме уставните измени, јас ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори“, кажа Ковачевски.

Втората опција е, додаде тој, доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да станат дел од Владата, бидејќи тие зборуваа за општествен консензус исто како што јас зборувам, половина места од нашите ќе ги добијат. Кажа дека ќе има редовни избори, и претседателски и парламентарни и оти клучно прашањето со уставни измени да биде решено, заради државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен пресече: Нема резидентно и нерезидентно население на попис

Дејан Дејан

Нов меѓународен трибунал за гонење на високи руски функционери- и Путин ќе биде изведен пред суд, вели Зеленски

Дејан Дејан

САД не успеаја да постигнат ништо значајно, целта им беше да се предадеме, а не нуклеарната програма – прво обраќање на ајатолахот Хамнеи по воздушните удари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе