Вести Македонија

ФОТО: МВР го откри ликот на знаменосецот на „Голема Албанија“ од Тетово, но бара помош за да го фати

МВР ги демантира шпекулациите дека лицето кое го носеше знамето на Голема Албанија на пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово на 11-ти август е полицаец.

Полицијата му го знае ликот, но се уште не го фатила, па бара помош од сите граѓани за идентитетот на знаменосецот на Голема Албанија.

Еве го соопштението на МВР:

Во врска со кривично – правниот настан од 11.08.2023 на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани и бројни дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“. Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР. Воедно, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Тетово ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет станови на Груевски на продажба и земјиште на Мијалков, вредни 3 и пол милиони евра

Дејан Дејан

Еден загинат, а 14 се ранети во руски напад во Одеса

Дејан Дејан

Новата шефица на британското разузнавање била внука на нацистички шпион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе