Вести Свет

УШТЕ ЕДНА НАСИЛНА СМРТ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Во Софија брутално убиен крипто-милионер

Во стан во Софија, Бугарија се пронајдени посмртни останки на лице за кое се тврди дека е Кристијан Пеев, мултимилионер со американско и бугарско државјанство, кој се збогатил од криптовалути. Делови од неговото тело биле случајно пронајдени од водоводџии кои биле повикани да исчистат блокиран одвод, објави британскиот весник Мирор.

Пеев (41) дипломирал на американски универзитет и го изградил своето богатство преку крипто инвестиции. Инспекторите веруваат дека тој бил убиен во периодот од 8 до 9 август и дека наводниот убиец е Веско Валчинов, со кого се запознал пред околу шест години.
Како што се наведува во извештаите  на локалните медиуми, жртвата била убиена со удар на тврд предмет, а потоа телото било распарчено во бањата и сокриено во одводот на тоалетот, ја пренесува сторијата американскиот магазин Њусвик.

Полициските инспектори, се наведува, го пронашле местото на злосторството откако ги провериле двата телефона на Пеев, чиј брат го пријавил за исчезнат на 10 август. На денот кога исчезнал, тој бил во контакт со Валчинов.

Снимката од камерите утврдила дека двајцата влегле во станбениот блок на осомничениот убиец на 8 август, а следниот ден Валчинов сам излегол од зградата. Бил уапсен и друг човек, Константин Суботинов, кој потоа и признал на полицијата дека му помогнал на убиецот да ги скрие другите делови од телото на жртвата, носејќи ги со автомобил во софискиот кварт Витоша, каде што беше уапсен Валчинов.

Бугарските медиуми објавија дека Пеев му помогнал на Валчинов со крипто инвестиции, сугерирајќи дека убиството било мотивирано од пари. Newsweek го контактираше бугарското Министерство за внатрешни работи за дополнителни коментари.

Бугарскиот крипто-богаташ е вториот крипто-крал кој е пронајден мртов во брутални околности во рок од еден месец, пти што неговата смрт морничаво потсетува на деталите од убиството на аргентински крипто-инфлуенсер. Според пишувањата на медиумите, делови од телото на Фернандо Перез Алгаба биле пронајдени во црвен куфер фрлен во Ингениеро Баџ, Буенос Аирес, на 23 јули, откако исчезна пет дена претходно.

Алгаба на својот Инстаграм профил го истакнувал екстравагантниот животен стил финансиран од крипто инвестиции. Во куферот што бил откриен имало делови од телото на Алгаба. Аргентинските медиуми објавија дека деловите од телото се чисто ампутирани, што укажува на работа на професионалец. Обдукцијата покажа дека жртвата била застрелана три пати пред да биде распарчена.

Во ноември 2022 година, смртта на двајца главни извршни директори на криптовалути за една недела поттикна конспиративни тврдења за злобни врски меѓу нивното умирање и онаа на другите милијардери и мултимилионери од индустријата. Се работи за Тиантијан Куландер и Вјачеслав Таран, кои имаа богатство кое се проценува на милијарди долари, а нивните смртни случаи се пријавени само еден месец откако милионерот развивач на криптовалути Николај Мушегијан (29) се удави во Порторико. За двајцата се претпоставува дека биле вмешани во перење пари преку трговија со криптовалути.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе