Вести Македонија

Откако Агелер изрази разочараност од односот на владата кон личностите од црната листа, Груби смета дека Владата не треба да се занимава со Мерко и Камчев

Треба да започнеме да им веруваме на институциите, да ги поддржуваме и да видиме дали сите тие обвинувања во јавноста се вистинити или не. Тоа го утврдува обвинителството и судот на крај, а не политичките партии и не препукувањата во медиумите, изјави  вицепремиерот Артан Груби коментирајќи новинарското прашање поврзано со изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер во која искажа разочараност од Владата дека не презема соодветни мерки кон лицата коишто се на „црната листа“ на САД, меѓу кои и неговиот сопартиец Рамиз Мерко.

На прашањето на Телма да го искоментира изјавата на амбасадорката Агелер дека е разочарана што владата и локалните власти не преземаат ништо за луѓето кои се на црната листа на САД, меѓу кои е и Рамиз Мерко, Груби со став:  Владата нема ингеренции врз истражните активности коишто треба да се преземат по однос на кај било сомнеж.

За тоа има ингеренции Јавното обвинителство, Обвинителството за организиран криминал и борба против корупцијата, јавниот обвинител, ДКСК, имаат судиите и ние ги охрабруваме сите институции да преземат дејствија и да ги истражат сите функционери, почнувајќи од премиерот, од Ахмети, од мене па сите други, додаде Груби

Тој посочи дека против него во Државната комисија за спречување корупција се отворени неколку предмети и побара јавно да се расчистат.

-Ги охрабрувам за секој сомнеж, посебно којшто го пријавуваат граѓаните и политичките партии за мене, за моите колеги и за сите нас во ДУИ, да отворат предмети, да ги истражат и да се оди до крај со целата таа постапка. Треба да ставиме крај на пропагандата. Треба да започнеме да им веруваме на институциите и да ги поддржуваме и да ставиме крај на пропагандата. Судот и обвинителствата ќе утврдат дали некои обвинувања се вистинити, а не политичките партии со препукувањата во медиумите, рече Груби во Гостивар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц не сака повторно отварање на гасоводот „Северен тек 2“

Дејан Дејан

Алиу: Мој термин ќе добие јасно дефинирани протоколи за упатување на пациенти кај стручни медицински лица

Дејан Дејан

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе