Вести Свет

(ФОТО) Во шумски пожар на Хаваи целосно изгоре градот Лахаин

Шумскиот пожар што го зафати срцето на хавајскиот остров, Мауи, голем дел од историскиот град Лахаин го претвори во пепел. Поради огнената стихија голем број од жителите беа принудени да скокаат во океанот за да избегаат од пламените јазици.

Најмалку 6 лица загинаа, а десетици се повредени.

Пожарите продолжија да горат и вчера попладне, поттикнати од силните ветрови од ураганот Дора додека минуваше јужно од хавајските острови.

Официјалните лица стравуваат дека бројот на загинати може да порасне.

Снимките направени од авион го прикажаа целиот опсег на уништувањето.

Десетици домови и деловни објекти се срамнети со земја. Купишта урнатини лежат натрупани високо покрај брегот, чамците во пристаништето се изгорени, а сив чад се издига од јагленисани дрвја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе