Откако италијанските банки остварија рекордни профити во услови на висока инфлација, владата на Џорџа Мелони одлучи еднократно да ги оданочи со 40 отсто на заработката.
Сепак според заменик премиерот, Матео Салвини, Европската централна банка е виновна за високите каматни стапки бидејќи како што вели таа е надлежна за одредување на каматните стапки.
Тој рече дека парите од овој данок ќе одат за даночни олеснувања и за помош на граѓаните кои имаат хипотеки.
Салвини очекува новиот данок да донесе голема сума, но не можеше да каже конкретна бројка.
Аналитичарите очекуваат сумата да биде најмалку 2 милијарди евра.
Претходно Шпанската влада им воведе сличен данок на банките и очекува да инкасира околу 3 милијарди евра.
Нови давачки на банките им наметна и Унгарија.